Еколошкото образоване и воспитание во функција на одржливиот развој од агол на социјалната екологија

  • Snezana Stavreva-Veselinovska

Abstract

И покрај постоењето на педaгогијата како самостојна наука и нејзиното директно влијание врз еколошкото воспитување, сѐ уште премногу површно се познава и анализира нејзиниот глобален аспект. Сѐ уште не е создадена комплетна теорија за еколошкото воспитување, бидејќи сферите во кои се остварува се различни и невклопени. Задлабочувајќи се во научната анализа и применувајќи еколошки пристап, имав за цел да го интерпретирам еколошкото воспитување како еколошки феномен, а неговата организација и реализација како специфичен еколошкопедагошки процес. Оваа продлабочена интегрална и широкоспектарна анализа поставува еден основен еколошки закон на воспитниот процес во чијашто основа лежи специфичен модел на еколошкото воспитание. Мошне темелно и висперно прави системот од научни факти, генерализации, заклучоци и хипотези и го трасира патот по кој треба да се развиваат екологијата и еколошкото воспитание.   Овој нов, за нас, приод е претпоставка да ги преосмислат некои од поимите како: воспитание, развој, цел на еколошкото воспитување, методите и средствата. Поаѓајќи од двата современи приоди - хуманистички и холистички со право ја промовирам еколошката идеја за формирање на младата личност како субјект на еколошко поле.

Клучни зборови: еколошкото воспитување, педагошката практика, оджлив развој, биосистем, личност.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2019-05-27