Народноопштински и педагошко-богословски училишта во Македонија кон средината на хіх век (по примерот на учителствувањето на Јосиф Ковачев, д. Миладинов, сл. Дингова,К. Шапкарев и други)

  • Aleksandar Trajanovski

Abstract

Во услови на повеќевековно турско-османско владеење во Македонија и другите балкански земји, школството, просветата и културата во Македонија биле непосредно поврзани со припадноста на религијата, односно црквата. Тоа произлегувало од основите на османското шеријатско право и милет-системот, кога кај оние христијански народи на кои им се признавала црквата, автоматски им се признавала и нивната народност. Во таа смисла, османските власти ги признавале училиштата и воопшто просветно-културните установи поврзани со црквата. Врз основа на ова, подоцна, кога целосно се изгубил верскиот карактер на школството и просветата, пак во услови на османското владеење, училиштата се граделе во цровните и манастирски дворови, порти или простории.
Published
Apr 11, 2013
How to Cite
TRAJANOVSKI, Aleksandar. Народноопштински и педагошко-богословски училишта во Македонија кон средината на хіх век (по примерот на учителствувањето на Јосиф Ковачев, д. Миладинов, сл. Дингова,К. Шапкарев и други). Годишен зборник - Институт за историја и археологија, [S.l.], v. 2, n. 1, p. pp.109-122, apr. 2013. ISSN 1857-8802. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/INISA/article/view/56>. Date accessed: 25 sep. 2017.