Историските преселби од Mакедонија во областа Tузлук во Бугарија (втората половина на хiх и почетокот на хх век)

  • Biljana Ristovska-Josifovska

Abstract

Миграциските процеси во целина се исклучително комплексни и со свои внатрешни специфики, кои, за да се разберат, мора да бидат анализирани во поширок историски контекст. Преселбите на Македонците низ историјата се среќаваат со различни именувања (Вражиновски Т., 2001: 6-7), а во текот на XIX век тие се одвивале во разни правци: кон балканските земји, Египет, Америка итн. и според критериумот на мотивите и на желбите, тие се со комбиниран карактер. Според типот, политички мотивираните преселби и особено бегалските бранови доминираат во периодот по Кресненското востание (1878), како последица на лошата безбедносна ситуација и теророт, немирите, востанијата, пропагандите, војните и меѓународните одлуки. Македонското иселеништво го наоѓаме низ балканските и европските земји, Египет, Турција, во прекуокеанските земји.
Published
Apr 11, 2013
How to Cite
RISTOVSKA-JOSIFOVSKA, Biljana. Историските преселби од Mакедонија во областа Tузлук во Бугарија (втората половина на хiх и почетокот на хх век). Годишен зборник - Институт за историја и археологија, [S.l.], v. 2, n. 1, p. pp.67-72, apr. 2013. ISSN 1857-8802. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/INISA/article/view/58>. Date accessed: 23 nov. 2017.