Поглед кон животот и дејноста на Јосиф Ковачев – истакнат македонски педагог и реформатор од Штип

  • Lence Nasev

Abstract

Јосиф Антон Ковачев е роден на 14 јануари 1839 година во Штип – Македонија. Овој податок го сретнуваме речиси во сите извори. Сепак, во неговите „Автобиографични белешки” (Историски архив при Народната библиотека „Кирил и Методиј”, фонд N0 111, арх. ед. 369, л. 540) тој спомнува дека е роден во 1840 г. Израснува во занаетчиско-ковачко семејство. Своето образование го добива најпрво во ќелијното училиште, а потоа во новото заемно училиште. Заемното училиште било основано од штипскиот учител Павле Грозданов, кој е основоположник на првото световно народно училиште во Штип (Штип низ вековите, 1986, книга прва, Штип, 351). Како негов ученик, покрај образованието, Ј. Ковачев се здобива и со педагошко искуство како негов помошник. Тоа извршило големо влијание да се оддаде на самостојна учителска дејност.
Published
Apr 11, 2013
How to Cite
NASEV, Lence. Поглед кон животот и дејноста на Јосиф Ковачев – истакнат македонски педагог и реформатор од Штип. Годишен зборник - Институт за историја и археологија, [S.l.], v. 2, n. 1, p. pp.155-162, apr. 2013. ISSN 1857-8802. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/INISA/article/view/67>. Date accessed: 23 nov. 2017.

Most read articles by the same author(s)