Гоце Делчев и неговото учителствување во Штип

  • Lidija Kamceva

Abstract

Просветата во Штип и Штипско, како и во цела Македонија, во текот на XIX век поминала преку повеќе развојни фази, во зависност од типот, видот и степенот на училиштето. Најнапред просветата се одвивала преку т.н. старовремска школа. Основните карактеристики на старовремската школа, поточно нејзината физиономија и педагошко-наставна содржина биле следниве: училиштата немале ниту закони ниту правилници, работеле според установената традиција. Училишта отворале манастирите и црквите и некои приватни даскали и граѓанството. Во училиштата се изучувале: азбука, буквар, наусница, псалтир, светче, пишување, сметање, пеење и морално воспитување. Прибор за пишување биле плоча, хартија и плајвес. Старовремските даскали биле народни. Спогодувањето на даскалот станувало преку пазарлак меѓу даскалот и црковните муктари. Освен плата, даскалот добивал бесплатен стан и храна во манастирот или училиштето.
Published
Apr 11, 2013
How to Cite
KAMCEVA, Lidija. Гоце Делчев и неговото учителствување во Штип. Годишен зборник - Институт за историја и археологија, [S.l.], v. 2, n. 1, p. pp.185-190, apr. 2013. ISSN 1857-8802. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/INISA/article/view/68>. Date accessed: 25 sep. 2017.