Улогата на Јосиф Ковачев во македонската просветна традиција

  • Valentina Mironska-Hristovska

Abstract

Македонската просветна традиција има свои длабоки корени уште од времето на светото дело на браќата Кирил и Методиј и на нивните ученици и продолжувачи на светата мисија Климент и Наум Охридски. Македонската просветна традиција се развивала во зависност од културно- цивилизацискиот развој, од општествено, политичките и економските услови. Притоа учесниците во оваа света мисија секогаш се движеле по патеката на своите претходници, на своите учители. Како што светите Кирил и Методиј ја создале азбуката, со цел описменување на народот, како што светите Климент и Наум го пренесувале своето знаење на народот, така и во средновековниот период книжевноста била создавана и чувана во книжевните центри. „Книжевниот центар е пореална појмовна синтагма за местото каде што се одвивал книжевно-творечкиот процес и каде што се негувала и чувала ракописната книга.
Published
Apr 12, 2013
How to Cite
MIRONSKA-HRISTOVSKA, Valentina. Улогата на Јосиф Ковачев во македонската просветна традиција. Годишен зборник - Институт за историја и археологија, [S.l.], v. 2, n. 1, p. pp.123-132, apr. 2013. ISSN 1857-8802. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/INISA/article/view/77>. Date accessed: 25 sep. 2017.