Геофизичко истражување на геолошки комплекс со метода на геоелектрично сондирање

  • Goran Slavkovski
  • Blagoj Delipetrev
  • Blagica Doneva
  • Zoran Toshik
  • Marjan Boshkov

Abstract

Примената на геоелектричните испитувања има големо значење заподетално моделирање на геолошки позната средина. Геоелектричнитеиспитувања се базираат на регистрирање на промените врз определеноелектрично поле без разлика на неговата природа (природно илииндуцирано), преку кои се определуваат спроводните својства нагеолошките средини кои се поврзани со геомеханичките параметри.Определувањето на најадекватната геоелектрична метода најмногу зависиод наслоеноста на земјиштето, геомеханичките карактеристики, како ицелта на испитувањата.Поради хоризонталната наслоеност на геолошките средини воиспитуваната средина, како и прифатливите податоци за реалниотспецифичен електричен отпор на геолошките средини, во овој научен трудќе биде обработено изработувањето и интерпретацијата на геоелектричнимодели изработени со метода на геоелектричното сондирање. Сондирањетое изведено со Шлумбергеров распоред на мерниот диспозитив кој сесостои од две струјни и две потенцијални електроди во мерен распоредво кој растојанието помеѓу струјните електроди е многу поголемо одрастојанието помеѓу потенцијалните електроди. За секое ново мерењеструјните електроди сукцесивно се оддалечуваат, со што се зголемувадлабочината на моделирање на испитуваната средина. Истражниотпростор е составен од две истражни дупнатини со вкупна должина од 60m. Геоелектричното моделирање е изведено до максимална длабочина од30 m и е претставено преку модели на реален електричен отпор и моделина привиден електричен отпор. Моделите на реален електричен отпорсе изработуваат преку спроводливите карактеристики на геолошкитесредини, додека пак моделите на привиден електричен отпор се синтетички и се изработени во комбинација од податоците за геомеханичкитекарактеристики, како и податоците од геолошките испитувања.Последна фаза во научниот труд претставува интерпретацијата нагеоелектричните модели на привиден електричен отпор преку која седефинираат различните геолошки средини, нивните реални електричниотпори, како и длабочините до граничните површини кои одделуваат двесредини со различни геолошки карактеристики.
Published
Feb 5, 2016
How to Cite
SLAVKOVSKI, Goran et al. Геофизичко истражување на геолошки комплекс со метода на геоелектрично сондирање. Natural Resources and Technology, [S.l.], v. 9, n. 9, feb. 2016. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/NRT/article/view/1273>. Date accessed: 24 aug. 2019.

Most read articles by the same author(s)

<< < 1 2