МИНЕРАЛОШКО-ПЕТРОГРАФСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ГРАНОДИОРИТИТЕ ВО БЛИЗИНА НА С. БОНЧЕ, ПРИЛЕП

  • Тена Шијакова-Иванова
  • Филип Јовановски
  • Виолета Стојанова
  • Виолета Стефанова
  • Крсто Блажев

Abstract

Во овој труд се објавени резултатите од испитувањето на примероци од гранодиорити земени од околината на с.
Бонче, Прилеп. Примероците се земени неколку километри пред селото. Испитувањата се вршени со рендгенски
дифрактограм, Shimadzu XRD-6100. Станува збор за средно до крупнозрнести гранодиорити. Како карактеристични
минерали во гранодиоритите се издвоени кварц и турмалин. Кварцот се појавува во неправилни агрегати, а
турмалинот во добро оформени кристали, со димензии од неколку mm до 2 cm дебелина и должина од 10 до 15 cm.
На контактот на гранодиоритите со микашистите, од северната страна, се појавува мало леќесто тело од коешто
како покарактеристични минерали се издвоени гетит и епидот. Гетитот е со црна боја, се појавува во добро
оформени кристали-коцки со димензии до 1 cm. Епидотот се појавува во зрнести агрегати, вклопен во кварцот.

Published
Dec 26, 2017
How to Cite
ШИЈАКОВА-ИВАНОВА, Тена et al. МИНЕРАЛОШКО-ПЕТРОГРАФСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ГРАНОДИОРИТИТЕ ВО БЛИЗИНА НА С. БОНЧЕ, ПРИЛЕП. Natural Resources and Technology, [S.l.], v. 11, n. 11, p. 43-49, dec. 2017. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/NRT/article/view/1991>. Date accessed: 25 feb. 2018.