Политика за контрола и управување на бучавата во урбани средини

  • Marija Hadzi-Nikolova
  • Dejan Mirakovski
  • Nikolinka Doneva

Abstract

Со развојот на техниката и технологијата градовите се развија во големи индустриски центри и се судрија со проблемот на бучавата. Ова особено важи за урбаните средини каде што комуналната бучава како загадувач на животната средина е присутна 24 часа. Неконтролираното ширење на градовите доведува до појава на населби блиску до индустриските објекти, аеродромите и фреквентните сообраќајници со што се создаваат т.н. мешовити зони.
Општа цел на политиката за контрола и управување на бучавата е да се задоволи потребата сите активности во општеството да бидат усогласени со желбата на населението за тивко општество. Широките оперативни цели вклучуваат барања за заштита, унапредување и подобрување на квалитетот на живеење, односно потребата за еколошки одржлив развој, намалување на здравствените ризици и спречување на деградацијата на животната средина. Ваквата политика настојува да промовира еколошка добросостојба преку спречување и минимизирање на нивото на бучава.
Published
Apr 15, 2014
How to Cite
HADZI-NIKOLOVA, Marija; MIRAKOVSKI, Dejan; DONEVA, Nikolinka. Политика за контрола и управување на бучавата во урбани средини. Natural Resources and Technology, [S.l.], v. 7, n. 7, apr. 2014. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/NRT/article/view/836>. Date accessed: 24 oct. 2018.

Most read articles by the same author(s)

1 2 3 > >>