Можности за вегетативно размножување на пиперка (capsicum annuum l.) сорта Куртовска капија во услови In Vitro

  • Liljana Koleva
  • Mirko Spasenoski

Abstract

За регенерација на пиперката (Capsicum annuum L.) сорта Куртовска капија во услови ин витро како почетни експлантати беа користени апикални пупки, котиледони и хипокотили. Експлантатите беа земени од семе, асептички из′ртено на 1/2 MS минерален раствор, апотоа истите беа култивирани на MS медиум (Murashige и Skoog 1962) во присуство на хормоните IAA, IBA, KIN, BAP, NAA i GA3. Апикалните пупки на МС медиумот, во присуство на KIN и IAA за само неколку дена образуваа изданок, и за разлика од другите иницијални експлантати истите имаа највисока способност за регенерација во култура. Кај сите иницијални експлантати се констатира дека цитокинините во присуство на ауксини во поголеми концентрации стимулативно делуваат на органогенезата, намалувајќи го процентот на калусирани експлантати. Во тој поглед се покажа дека од цитокинините BAP има поголем ефект од кинетинот. GA3 кај сите експлантати аплицирана во MS медиумот , дури и во многу ниски концентрации ја фаворизира калусогенезата. Ин витро регенерираните растенија добро се адаптираа во надворешна средина, нормално вегетираа и ги запазија сите сортовски карактеристики на пиперката Куртовска капија.
Published
2013-04-23

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>