Pseudomonas syringae pv.Tomato причинител на чадливата дамкавост кај листовите и краставост по плодовите од доматот во услови на оранжериско производство

  • Sasa Mitrev
  • Filip Pejcinovski

Abstract

Бактериските карактеристики на девет одбрани изолати (Д-41, Д-42,
Д-43, Д-44, Д-45, Д-46, Д-47, Д-48 и Д-49) се проучувани во ова испитување. Изолатите се добиени од заболени растенија и плодови од домат, одгледувани во услови на стакленици во с. Просениково, околината на Струмица. Првите симптомите кај доматите се забележани во почетокот на месец февруари.
Од испитуваните морфолошки, патогени, биохемиски, физиолошки
и одгледувачки одлики, може да се заклучи дека добиените изолати
припаѓаат на фитопатогената бактерија Pseudomonas syringae pv. tomato.
Штетите што ги предизвикуваше оваа бактерија по доматите се
движеше околу 10-15% во испитуваната година. Оваа бактеријата досега не е проучувана и беше непозната како позначаен предизвикувач на патогени промени кај листовите и плодовите на доматите. Од ова може да се каже дека е релативно нов патоген за многу производители на домати во Република Македонија.
Published
2013-04-23