Интернет апликација за обработка на слики со матрични трансформации

  • Ana Ljubotenska
  • Ivan Stojanov
  • Igor Stojanovik
  • Zoran Zdravev

Abstract

Дигиталните слики се создаваат за да прикажуваат или зачувуваат корисни информации, но поради големиот број на недостатоци кои постојат при процесот на нивна обработка, снимената слика секогаш претставува деградирана верзија на оригиналот. Затоа потребата од сигурен метод за нивна обработка е и повеќе од неопходна. Од друга страна, софтверотсо отворен код нуди низа предности. Тој е достапен за секого и било кој може да го анализа, надоградува и ажурира,со цел да се сподели поквалитетно решение со заедницата и понатамошно искористување на истото за лични или општествени потреби.Дозволата за пристап која ја има пошироката јавност, претставува појдовна точка на развојот на кодот, која е проследена со континуираноподобрување на структурата и функционалноститена истиот.Токму споменатите предности на софтверот со отворен код, како и потребата од интернет апликација за обработка на слики, се основната мотивација за овој труд. Нашата работа ќе биде насочена конразвивање навебапликација која ќе врши матрични манипулации и истата ќе ја имплементираме како проект со отворен код.Применливоста на апликацијата ќе биде насочена кон обработката на слики. Реставрацијата и одмаглувањето, како значајни процеси при обработката на слики, ќе се вршат со матрични трансформации во позадина. Поради актуелноста на оваа проблематика, се очекува готовата апликација да биде применлива, а добиените резултати користени за понатамошни истражувања од областа обработка на слики, како на нас, така и на други истражувачи, чии истражувања се во оваа област.

Published
Jun 3, 2014
How to Cite
LJUBOTENSKA, Ana et al. Интернет апликација за обработка на слики со матрични трансформации. Yearbook - Faculty of Computer Science, [S.l.], v. 2, n. 2, p. pp. 85-94, june 2014. ISSN 1857- 8691. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFCS/article/view/802>. Date accessed: 14 dec. 2019.
Section
Articles