ВИДОВИ НА ИНТЕРНА РЕВИЗИЈА НА ФИНАНСИСКОТО РАБОТЕЊЕ

  • Blagica Koleva
  • Olivera Georgieva-Trajkovska
  • Aleksandar Kostadinovski

Abstract

Од особена важност за контролата на финансиското работење во компаниите е да постои добра организациска поставеност, соодветна документација и адекватен начин на проверка на документацијата. Мотивот за оваа контрола, главно, доаѓа од почитувањето на законитоста во работењето и деловниот морал при располагањето со средствата и остварувањето, односно распределбата на добивката и ефикасноста на работењето. Ревизијата на финансиското работење којашто во компаниите ја врши интерната ревизија треба да ги опфаќа следниве испитувања: – ревизија на касовното работење; – ревизија на работењето со финансиските средства преку сметките во деловните банки; – ревизија на работењето со девизните средства; – ревизија на работењето со хартии до вредност (меници, чекови, акции, обврзници и сл.); – ревизија на побарувањата од купувачите и другите побарувања од деловните односи и др.

Published
May 2, 2017
How to Cite
KOLEVA, Blagica; GEORGIEVA-TRAJKOVSKA, Olivera; KOSTADINOVSKI, Aleksandar. ВИДОВИ НА ИНТЕРНА РЕВИЗИЈА НА ФИНАНСИСКОТО РАБОТЕЊЕ. Yearbook - Faculty of Economics, [S.l.], v. 4, n. 1, p. 43-51, may 2017. ISSN 1857- 8632. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/1843>. Date accessed: 14 nov. 2018.
Section
Articles