ПОРТФОЛИО АНАЛИЗА – АЛАТКА ЗА ДИВЕРЗИФИКАЦИЈА НА РИЗИКОТ ПРИ ИНВЕСТИРАЊЕТО

  • Janka Dimitrova

Abstract

Основна цел на секоја инвестиција е со вложените средства да се оствари поголем принос, односно оплодување на капиталот. Инвеститорите континуирано се соочуваат со прашањата: Каде да ги вложат – инвестираат вишокот пари кои ги имаат? Каде ризикот од инвестирањето е најмал? Како може да се оствари најголема заработка? За донесување на вистинска одлука за инвестирање е неопходно да се имаат на располагање информации базирани на аналитички истражувања. Анализите овозможуваат да се изберат поединечни хартии од вредност, со цел да се оствари повисок принос од приносот на споредбениот индекс. Правилен тајминг на купување или продавање на хартиите од вредност му овозможува на инвеститорот или портфолио менаџерот да купи по пониска и продаде по повисока цена.

Published
May 3, 2017
How to Cite
DIMITROVA, Janka. ПОРТФОЛИО АНАЛИЗА – АЛАТКА ЗА ДИВЕРЗИФИКАЦИЈА НА РИЗИКОТ ПРИ ИНВЕСТИРАЊЕТО. Yearbook - Faculty of Economics, [S.l.], v. 4, n. 1, p. 95-107, may 2017. ISSN 1857- 8632. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/1849>. Date accessed: 07 dec. 2019.
Section
Articles