АНАЛИЗА НА ТЕКОВНАТА СОСТОЈБА И ИДНИ ТРЕНДОВИ НА ПАЗАРОТ НА КОНДИТОРСКИ ПРОИЗВОДИ

  • Vlatko Paceskoski
  • Tamara Jovanov
  • Ljupco Davcev

Abstract

Позицијата на пазарот доби поголемо значење како директна последица на се почестата појава на зрели пазари, зголемените разлики во потрошувачките преференции и неопходноста од допирање до специјализирани пазари или пазарни ниши. Пазарната позиција на едно претпријатие може да произлезе од маркетинг можноста - потрошувачка потреба и интерес од која постои голема веројатност за компанијата да оствари профит, доколку ја задоволи таа потреба. За да се дојде до маркетинг можноста, потреба е анализа на пазарот како од аспект на актуелните случувања, така и во однос на идните трендови кои ќе ја условуваат идната побарувачка. Трудот е инспириран од постојните случувања на домашниот пазар на кондиторски производи, каде лидерската позиција им припаќа на странските брендови, а домашните компании во континуитет го губат пазарниот удел и се заглавени во лавиринтот на ниските цени.

Published
May 3, 2017
How to Cite
PACESKOSKI, Vlatko; JOVANOV, Tamara; DAVCEV, Ljupco. АНАЛИЗА НА ТЕКОВНАТА СОСТОЈБА И ИДНИ ТРЕНДОВИ НА ПАЗАРОТ НА КОНДИТОРСКИ ПРОИЗВОДИ. Yearbook - Faculty of Economics, [S.l.], v. 4, n. 1, p. 135-144, may 2017. ISSN 1857- 8632. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/1853>. Date accessed: 23 aug. 2019.
Section
Articles