КРЕИРАЊЕ НА МЕНАЏМЕНТ СТРАТЕГИЈА ВО ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА СО ФОКУС НА ВЛИЈАНИЕТО НА ОДРЕДЕН ОДДЕЛ

  • Сребра Иљовска

Abstract

Основна цел на ова истражување е да се потенцира важноста на соодветна стратегија за внатрешните единици, нивното влијание и зависност во однос на здравствена установа како целина, за да понудат квалитетни здравствени услуги на пациентите. Дел од целите на истражувањето е потребата од мерање на ефикасноста на работата на одделните внатрешни единици на болницата, како насока од понудените стратегии. Односно, вклучување на детални информации и аспекти, од инпутот на една внатрешна едининица, преку аутпутот на друга внатрешна единица до согледувањето на ефикасност на целата здравствена установа и факторите кои влијаат на истата. Доколку по првичните влезови на пациентите во одреден оддел (поконкретно во ИВФ одделот) остануваат да ги користат услугите од истата болница во тој и во други оддели, тогаш може да се востанови дека таа здравствена установа има добра менаџмент стратегија и ефективно работи. Исто така, потребно е да се истакне значењето на анализата и мерењето на ефикасноста на конкретен оддел или цела болница со цел менаџментот да има постојан увид за реалната слика за ефективноста на здравсвената установа.


 

Published
Sep 12, 2018
How to Cite
ИЉОВСКА, Сребра. КРЕИРАЊЕ НА МЕНАЏМЕНТ СТРАТЕГИЈА ВО ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА СО ФОКУС НА ВЛИЈАНИЕТО НА ОДРЕДЕН ОДДЕЛ. Yearbook - Faculty of Economics, [S.l.], v. 10, n. 1, p. 221-242, sep. 2018. ISSN 1857- 8632. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/2399>. Date accessed: 14 dec. 2019.