ВЛИЈАНИЕТО НА НАТАЛИТЕТОТ ВРЗ БРОЈОТ НА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ

  • Трајко Мицески
  • Христина Серафимовска

Abstract

Наталитетот како демографска промена на населението игра значајна улога во општествениот раст и развој на една земја. Всушност, населението од една страна се јавува како производител, а од друга страна како потрошувач. Така доколку наталитетот е поголем поизразени ќе бидат сите фактори на развој на земјата Но, статистичките податоци покажуваат дека наталитетот на населението во Р Македонија во последните педесетина години покажува тренд на опаѓање, така во 1969 година во Р Македонија,се родени 40 342 деца, а, во 2015 година 23 075 деца. Така бројот на живородени деца во Р Македонија во 2015 година е намален за 43 %, во однос на 1969 година. Сепак од 2004 година се забележува најниско ниво, а потоа стабилизација со мал пораст до 2015 година. Од друга страна, пак, бројот на средношколците во последниве триесетина години покажува некоја стабилност со мали осцилации. Овој труд е фокусиран на прикажувањето на временската серија од триесетина години на наталитет и бројот на средношколците и нивната корелативна зависност изразена пресметковно, табеларно и графички.

Published
Sep 19, 2018
How to Cite
МИЦЕСКИ, Трајко; СЕРАФИМОВСКА, Христина. ВЛИЈАНИЕТО НА НАТАЛИТЕТОТ ВРЗ БРОЈОТ НА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ. Yearbook - Faculty of Economics, [S.l.], v. 11, n. 1, p. 7-16, sep. 2018. ISSN 1857- 8632. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/2447>. Date accessed: 16 dec. 2018.