ДОХОД, ПЛАТА, ПРОФИТ И РЕНТА: НЕКОИ ВИДУВАЊА НА АДАМ СМИТ

  • Круме Николоски

Abstract

Разбирањето на различни пристапи и перспективи за економија, причините за тие разлики и како тие еволуирале со текот на времето, обезбедува историски и филозофски контекст кој ги охрабрува повеќето економисти за критичка анализа на тековните економски алатки и нивната примена. Теориите се збир на упатства коишто даваат смисла на некоја појава, односно клучни чинители, така што појавите ги поврзуваат во целина, ја идентификуваат и објаснуваат врската помеѓу причинителот, објаснуваат што се случува кога причинителите се во интеракција и со отсликување на клучните односи овозможуваат предвидување на идното однесување и подобра контрола врз таа појава. Економијата се развива како континуиран процес кој продолжува и денес, и сам по себе е инспирација за многу економисти кои сакаат да ги проучуваат економските мисли, а можеби дури и да придонесат за нејзиниот понатамошен развој. Во контекст, целта на овој труд е проучувањето на економските мисли, односно размислувањата и дискусијата на Адам Смит поврзана со распределбата на доход, плата, профит и рента.


 

Published
Sep 19, 2018
How to Cite
НИКОЛОСКИ, Круме. ДОХОД, ПЛАТА, ПРОФИТ И РЕНТА: НЕКОИ ВИДУВАЊА НА АДАМ СМИТ. Yearbook - Faculty of Economics, [S.l.], v. 11, n. 1, p. 27-37, sep. 2018. ISSN 1857- 8632. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/2449>. Date accessed: 24 oct. 2018.