УЧЕСТВОТО НА МАЛИТЕ И СРЕДНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО МЕЃУНАРОДНАТА ТРГОВИЈА: МОЖНОСТИ И ПРЕДИЗВИЦИ

  • Емилија Митева-Кацарски

Abstract

Трговијата е најчеста форма на интернационализација за која се определуваат фирмите, вклучувајќи ги и малите и средните претпријатија. Директното учество во трговијата на малите и средните претпријатија од земјите во развој не е во координација со нивната важност на национално ниво. Малите и средните претпријатија во развиените земји тргуваат релативно малку во споредба со големите фирми, и покрај фактот што истите сочинуваат поголем дел од извозниците и увозниците. Мерењето на индиректното учество на малите и средните претпријатија во трговијата претставува предизвик. Постоечките бази на податоци не содржат информации за индиректниот извоз на малите и средните пртпријатија (набавка на добра и услуги за домашни фирми кои извезуваат) или пак за нивното учество во глобалните добавувачки ланци.


 

Published
Sep 19, 2018
How to Cite
МИТЕВА-КАЦАРСКИ, Емилија. УЧЕСТВОТО НА МАЛИТЕ И СРЕДНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО МЕЃУНАРОДНАТА ТРГОВИЈА: МОЖНОСТИ И ПРЕДИЗВИЦИ. Yearbook - Faculty of Economics, [S.l.], v. 11, n. 1, p. 50-60, sep. 2018. ISSN 1857- 8632. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/2451>. Date accessed: 24 oct. 2018.