ГРАДЕЊЕ НА МЕНАЏМЕНТ СТРАТЕГИЈА ВО БАНКИТЕ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРОЈАВЕНИ ФИНАНСИСКИ КРИЗИ

  • Илија Гошев

Abstract

Денес во динамични и турбулентни услови на работење на банките, менаџментот треба да посвети особено внимание на процесот на формулирање стратегија, со цел да се остварат позитивни резултати во работењето. Опкружувањето во коешто работат банките отсекогаш претставувало главен предизвик при остварувањето на нивните деловни планови. Оттука, адекватното приспособување кон променливата природа на опкружувањето и дефинирањето на соодветна банкарска стратегија, заедно го претставуваат клучот за успех и остварување профит. Покрај остварувањето профит, цел на банките им е да обезбедат континуиран раст и развој. Остварувајќи ги овие цели, банката ги задоволува потребите на сопствениците, клиентите и општеството како целина, така придонeсувајќи за напредок на целокупниот стопанство. Интерактивниот однос помеѓу фирмите и банките наведува кон еден метафоричен заклучок: доколку парите се „крвта’’ на секој стопански систем, тогаш банкарскиот сектор е неговото „срце’’ коешто работи за „крвта’’ да стигне до сите делови од системот, како би овозможило негово непречено функционирање.


 

Published
Sep 19, 2018
How to Cite
ГОШЕВ, Илија. ГРАДЕЊЕ НА МЕНАЏМЕНТ СТРАТЕГИЈА ВО БАНКИТЕ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРОЈАВЕНИ ФИНАНСИСКИ КРИЗИ. Yearbook - Faculty of Economics, [S.l.], v. 11, n. 1, p. 97-116, sep. 2018. ISSN 1857- 8632. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/2454>. Date accessed: 24 oct. 2018.