УПРАВУВАЊЕ СО ОФ-ШОР КОМПАНИЈА И ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ПРЕДНОСТИТЕ ПРЕКУ ПРИМЕРИ ОД КАРИБИТЕ

  • Марјана Џорлева

Abstract

Оф-шор компанија е секое легално регистрирано правно лице во некој оф-шор финансиски центар. Целото понатамошно негово работење ќе зависи само од законодавството во таа оф-шор јурисдикција, а со тоа воедно оф-шор компаниите се заштитуваат од домашните неповолни закони и политики. Оф-шор финансиските центри, уште познати како „даночен рај’‘, им нудат на оф-шор инвеститорите широк спектар на можности и бенефиции со што ги привлекуваат кон себе. Такви се, на пример, брза и едноставна регистрација на секое правно лице - оф-шор компанија, даночните олеснувања, благи законски регулации и минимални рестрикции, можности за тргување и работење со цел свет.


 

Published
Sep 19, 2018
How to Cite
ЏОРЛЕВА, Марјана. УПРАВУВАЊЕ СО ОФ-ШОР КОМПАНИЈА И ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ПРЕДНОСТИТЕ ПРЕКУ ПРИМЕРИ ОД КАРИБИТЕ. Yearbook - Faculty of Economics, [S.l.], v. 11, n. 1, p. 117-127, sep. 2018. ISSN 1857- 8632. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/2455>. Date accessed: 16 dec. 2018.