КРЕИРАЊЕ НА КАРИЕРНИОТ РАЗВОЈ НА ЛИДЕРОТ СО ПРЕФЕРИРАЊЕ НА МЕНАЏМЕНТОТ НА ЛИЧНИОТ РАЗВОЈ И ОДНЕСУВАЊЕ

  • Monika Aleksovska
  • Trajko Miceski

Abstract

Креирањето на кариерниот развој е императив за лидерите кое го остваруваат преку развивање на личните способности и унапредување на деловните вештини. Kариерниот развој на лидерот и неговото континуирано унапредување е значајна предиспозиција за современиот менаџер кој се труди да ги исполни стратегиските цели на претпријатието и да обезбеди конкурентска предност. Тука, пред сѐ, припаѓаат унапредувањето на деловните вештини, како преносни вештини кои имаат сѐ поголема улога во современиот деловен свет. Во врска со лидерските вештини се и комуникативните способности и развивање на преговарачките способности, управување и рационално користење на времето, тимското работење, како посебна карактеристика на лидерите и начините на справување со конфликтните ситуации. Во тој поглед во трудот ќе се направи теоретска елаборирација на значењето на карактеристиките, способностите, вештините, улогите и однесувањето на лидерите за градење на неговиот кариерен развој, како и практичните сознанија за состојбите на кариерниот развој на лидерите во организациите, преку обработени резултати, прикажани табеларно, графички и пресметковно.


 

Published
Jan 28, 2020
How to Cite
ALEKSOVSKA, Monika; MICESKI, Trajko. КРЕИРАЊЕ НА КАРИЕРНИОТ РАЗВОЈ НА ЛИДЕРОТ СО ПРЕФЕРИРАЊЕ НА МЕНАЏМЕНТОТ НА ЛИЧНИОТ РАЗВОЈ И ОДНЕСУВАЊЕ. Yearbook - Faculty of Economics, [S.l.], v. 18, p. 85-101, jan. 2020. ISSN 1857- 8632. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/3417>. Date accessed: 17 feb. 2020.
Section
Articles