КОМПЛЕКСНОСТ НА МЕНАЏМЕНТОТ НА ФИНАНСИСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ И УСПЕШНО ГРАДЕЊЕ НА КАРИЕРА ВО БАНКИТЕ И ДРУГИТЕ ФИНАНСИСКИ ИНСТИТУЦИИ

  • Blagoj Dimitrov
  • Trajko Micevski

Abstract

Mенаџментот на финансиските институции е важен фактор за управување со финансиските институции и игра огромна улога во развојот на економијата на Република Северна Македонија. Според официјалните податоци од НБРСМ учеството на вкупните средства во финансискиот сектор во БДП на Република Северна Македонија во 2016 година изнесувал 87,6 %, додека во 2017 година се зголемил на 89.8 %. Банките и финансиските институции имаат дополнителни влијанија врз растот и развојот на останатите сектори во економијата, што ги прави особено значајни за макроекономијата на една земја, како двигател на капацитетот за финансиски напредок. Квалитетните човечки ресурси се клучен фактор за успех на секоја организација, но ова е особено истакнато кај финансиските институции. Според тоа, логички е да се претпостави дека доколку финансиската институцијата сака да дојде до врвот и да биде предводник, мора да најде начин да ја поттикне креативноста и потенцијалот на нејзините вработените од сите нивоа.
Клучни зборови: БДП, макроекономија, значење, човечки потенцијали, промени.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2020-02-21