Улогата и значењето на инвестициското банкарство во финансиската индустрија

  • Ljupco Davcev
  • Tamara Jovanov-Marjanova

Abstract

Инвестициското банкарство е помеѓу важните теми во агендите нa политичарите, финансиските регулатори, производителите, локалните и глобалните учесници на берзите, како и на студентите на финансиските системи. Големата и забрзана експанзија на овој сектор во однос на големината и географската покриеност, промените кои ги доживува, како и импактот врз структурата на економијата и финансискиот систем во последните неколку години, се теми кои неисцрпно се обработуваат. За да се разбере оваа позиција на инвестициското банкарство треба да се разработат главните карактеристики, основните функции и развојот на оваа индустрија, факторите кои се одговорни за развојот на инвестициското банкарство, како и врската помеѓу активноста на инвестициските банки и активностите на институциите кои се занимаваат со овој тип на бизнис. Голема улога во поставувањето на основите на инвестициското банкарство игра еволуцијата на инвестициското банкарство во големите индустриски земји, како и позицијата и влијанието на инвестициското банкарство во поширок контекст врз развојот на финансиската индустрија во целина.
Published
May 20, 2013
How to Cite
DAVCEV, Ljupco; JOVANOV-MARJANOVA, Tamara. Улогата и значењето на инвестициското банкарство во финансиската индустрија. Yearbook - Faculty of Economics, [S.l.], v. 3, n. 1, p. pp.211-218, may 2013. ISSN 1857- 8632. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/486>. Date accessed: 18 july 2019.
Section
Articles