Тековни филозофии на развојот

  • Margarita Matlievska

Abstract

Најгорлив проблем пред кој е исправена науката воопшто е проблемот поврзан со последиците од сфаќањето на развојот и последователно со сфаќањето на односот човек – природа. Тековните филозофии за развој можат да бидат сублимирани во три концепти: концепт на економски растеж, концепт на длабока екологија и концепт на одржлив развој. Во овој труд, презентирани се согледувањата за клучните карактеристики на трите концепти, како и за недостатоците на концептите за економски растеж и за длабока екологија, преку преиспитување на нивните базични принципи. Истражувањето упатува на заклучокот дека и концептот на економски растеж и концептот на длабока екологија не можат да го издржат тестот на времето, а концептот на одржлив развој со сета своја надмоќ се наметнува како водечки правец за напредок на човештвото во хармонија на природата.
Published
May 23, 2013
How to Cite
MATLIEVSKA, Margarita. Тековни филозофии на развојот. Yearbook - Faculty of Economics, [S.l.], v. 2, n. 1, p. pp.201-210, may 2013. ISSN 1857- 8632. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/537>. Date accessed: 19 oct. 2018.
Section
Articles