Некои аспекти на застапувањето на акционерите согласно законот за трговски друштва

  • Marko Andonov

Abstract

Во модерното право на друштвата на ниво на принцип е издигнато правилото дека акционерот не мора лично да учествува во работата на собранието на акционерското друштво. Во оваа смисла,акционерот може без особени ограничувања, вршењето на неговите права во собранието на акционерското друштво да му ги довери на полномошник, кој во негово име и за негова сметка ќе ги врши сите права и обврски што акционерот ги има во собранието на друштвото. Овој труд е генерално посветен на проблематиката на застапувањето на акционерите, преку разгледување и анализа на нормативните решенија на Законот за трговски друштва од 1996 година, како и актуелниот Закон за трговски друштва од 2004 година, со сите нивни измени и дополнувања. Во трудот особено се анализирани извесните аномалии и злоупотреби кои се јавија при практичната имплементација на законските одредби со кои се уредува прашањето за застапување на акционерите и назначување на полномошник на акционер на собрание на акционерското друштво. Едновремено, авторот го презентира и сопствениот став во насока на подобрување на предметната регулатива, ставајќи акцент и на последните измени и дополнувања на Законот за трговски друштва кои се однесуваат на конкретната проблематика, со што е направено целосно хармонизирање со актуелната европска регулатива од областа на правото на трговските друштва.

Published
Apr 16, 2013
How to Cite
ANDONOV, Marko. Некои аспекти на застапувањето на акционерите согласно законот за трговски друштва. Yearbook - Faculty of Law, [S.l.], v. 2, n. 2, p. pp.21-32, apr. 2013. ISSN 1857- 8713. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/186>. Date accessed: 23 sep. 2017.