Мерки на одбрана на акционерските друштва од преземање контрола

  • Borka Tuševska

Abstract

Во модерното компаниско право и корпоративна практика, мерките на одбрана од непријтелско преземање претставуваа најсложената и најкомплексната материја во рамки на преземањето. На значењето и комплексноста на проблематиката укажува и фактот што на ниво на ЕУ на прашањето му е посветена цела директива. Мерките на одбрана во одделните правни системи се развиваат паралелно со офанзивната стратегија на потенцијалните преземачи на контрола. Ова од причина што мерките на одбрана се реакција на обидот потенцијалниот преземач да ја преземе компанијата спротивно на интересите на акционерите и управата. Развојот на мерките на одбрана е во непосредна врска со политиката што определeнa држава ја креира во однос на ова проблематика. Искуствата покажуваат дека земјите кои се повеќе отворени за влез на странски капитал акцентот го ставаат на развојот на преземањето односно пазарот на корпоративна контрола. Во секој случај, на становиште сме дека секое преземање кое реално е во интерес на друштвото и акционерите би требало да се поддржува. Ова во смисла на тоа што голем број од мерките на одбрана претставуваат вештачка творба на менаџментот на компанијата преку која исклучиво се штитат личните позиции на директорите. Оттука сметаме дека злоупотребата е доминантна кога станува збор за креирањето дефанзивна стратегија од страна на органот на управување.
Published
Apr 17, 2013
How to Cite
TUŠEVSKA, Borka. Мерки на одбрана на акционерските друштва од преземање контрола. Yearbook - Faculty of Law, [S.l.], v. 2, n. 2, p. pp.189-204, apr. 2013. ISSN 1857- 8713. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/201>. Date accessed: 24 nov. 2017.