Технологијата како фактор на економскиот раст низ правците на економската теорија

  • Ilija Gruevski

Abstract

Сите сме согласни дека економскиот развој претставува една од најважните области на современата економска наука. Економскиот раст како појава се интерпретира како зголемување на вкупниот аутпут на стоки и услуги во некое општество. Или попрецизно, тој се дефинира како квантитативен пораст на потенцијалниот БДП во националната економија во текот на една година. Главниот механизам кој го овозможува растот на економиите е процесот на формирање и акумулација на капиталот преку инвестициите. Како друг клучен фактор на развојот, кој добива сѐ поголемо значење, се јавува технологијата. Со оглед на големиот степен на ригидност на модерните економии како и пројавените тенденции да се развиваат побавно, технолошките иновации се наметнуваат како елемент со круцијална важност за забрзување на растот. Затоа, во овој труд се истражуваат различните фази и правци на економската теорија, со цел да се детерминира значајноста на технологијата како фактор на економскиот раст.
Published
Apr 17, 2013
How to Cite
GRUEVSKI, Ilija. Технологијата како фактор на економскиот раст низ правците на економската теорија. Yearbook - Faculty of Law, [S.l.], v. 2, n. 2, p. pp.105-116, apr. 2013. ISSN 1857- 8713. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/203>. Date accessed: 23 sep. 2017.