Законска забрна на конкурентско дејствување и договорна забрана на конкурентско дејствување

  • Војо Беловски

Abstract

имаат посебни и зеднички интереси. Посебни, затоа што
работодавачот се залага за што поголем профит, а работникот за што
поголема заработувачка. Заедничкиот интерес и на двата субјекта е тоа
што поголем профит обезбедува и поголема заработувачка. Заедничките
интереси ги доведуваат работодавачот и работникот во правна и економска
заедница.
Помеѓу работодавачот и работникот постои однос на лојалност,
посебно на пазарот на трудот и капиталот. Лојалноста треба да е присутна и
во текот и по престанокот на работниот однос. Затоа, Законот за работните
односи, во врска со забраната на конкурентско дејствување ја разликува
конкуренцијата за време на работниот однос и по престанување на
работниот однос.
Законска забрана на конкурентското дејствување не е апсолутна.
Ако работодавачот се согласи, конкурентската забрана, иако законска,
останува без дејство. Во спротивно, ако нема таква согласност, законот
предвидува можност за преземање мерки од страна на работодавачот, т.е
да бара обесштетување на штетата во законски определен рок.
Договорна забрана на конкурентското дејствување се однесува по
престанувањето на работниот однос. Работникот и работодавачот можат
да се договорат и условат за забраната на конкуренцијата и по престанок
на работниот однос, за разумен рок од две години по престанување на
договорот за вработување.
Факултативноста на договорната забраната на конкуренцијата се
гледа во тоа што таа се договара. Ако е договорена, постои. Ако не биде
договорена, не постои. Значи, не е од императивна природа.
Договорната забрана за конкурентско дејствување има своја
цена. Тоа е надоместок за почитување на конкурентската клаузула.
Работодавачот, да би обезбедил лојалност од работникот и по престанокот
на работниот однос, мора да му плати надомест за почитување на
конкурентската клаузула.
Клучни зборови: императивност, факултативност, обесштетување, рок, договорот.

Published
2019-04-27

Most read articles by the same author(s)