Вишата сила кај договорот за продажба на стоки според Виенската конвенција

  • Фатон Шабани

Abstract

Предмет на овој труд е вишата сила, која е содржана
во член 79 од Конвенцијата на Обединетите нации за договорите за
меѓународна продажба на стоки (CISG). Вишата сила е институт кој во
оваа Конвенција е внесена од римското право, каде овој институт ги има
и своите корени. Општо земено, случаите кои го содржат институтот
на виша сила се неочекувани настани предизвикани не од договорните
страни, и кои се: непредвидени во времето на склучување на договорот,
неконтролирани и кои ја прават невозможно исполнувањето на договорните
обврски. Поточно, овие клаузули означени со единствено име како „виша
сила”, ги покриваат природните катастрофи како дела од Бога, војна,
ограничување или забрана за движење на стоките преку законодавни или
судски мерки. Сепак, според член 79 страната може да се ослободува од
одговорноста, ако докаже дека: (1) до неизвршувањето дошло поради
пречка што била надвор од нејзината контрола; (2) од неа не било разумно
да се очекува во времето на склучувањето на договорот пречката да ја
земе предвид пречката; (3) не било разумно да се очекува да ја избегне
пречката или нејзините последици; (4) не било разумно да се очекува да
ја совлада таквата пречка и нејзините последици. Освен истражувањето
на секоја одредба на член 79, за да се создаде појасна слика во врска со
спроведувањето на овој член во пракса, овој осврт ќе биде збогатен со
случаи од судската и арбитражната пракса.
Клучни зборови: виша сила, член 79, Конвенцијата на Обединетите нации за Договорите за меѓународна продажба на стоки (CISG), случаи од судска и арбитражна пракса.

Published
Apr 27, 2019
How to Cite
ШАБАНИ, Фатон. Вишата сила кај договорот за продажба на стоки според Виенската конвенција. Yearbook - Faculty of Law, [S.l.], v. 3, n. 3, apr. 2019. ISSN 1857- 8713. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/2802>. Date accessed: 25 may 2019.