ЗАКОНОДАВНА ДЕЈНОСТ НА ПАРЛАМЕНТОТ - ГЕНЕЗА, ОГРАНИЧУВАЊА, ПРЕДИЗВИЦИ

  • Снежана Гушева

Abstract

Законодавната дејност е примарна и најзначајна
активност на парламентите во сите држави. Со донесување на законите
парламентот утврдува општи и задолжителни норми со кои ги регулира
прашањата и односите од сите сфери на општественото живеење и го
„создава“ правниот поредок на државата. Како претставнички орган,
законите што ги донесува се израз на претпоставената општа волја на
граѓаните кои го избрале. Секој парламент законодавната дејност ја
врши во границите на доменот и ограничувањата кои му се поставени
со уставот на државата. Генезата на оваа дејност на парламентот е во
борбата за ограничување на апсолутната власт на монархот, а основите
се во теоријата за поделба на власта. Но, оваа дејност на парламентот сѐ
повеќе се стеснува како резултат на се понагласената улога на владата,
како носител на извршната власт, во законодавниот процес изразена преку
делегирање на законодавните овластувања. Владата станува креатор на
законите, а парламентот само формален доносител. Законите многу често
се донесуваат „низ“ парламентот отколку во парламентот. Без оглед дали
тоа е резултат на потребата од побрзо и поефикасно регулирање на сѐ
посложените општествени односи или е резултат на подредениот однос и
партиската дисциплина на претставниците на парламентот спрема владата
која произлегуваод него, овој процес доведува до криза на претставничката
институција - парламент и на нејзината законодавна дејност. Токму овие
прашања се предмет на согледување и анализа на овој труд.
Клучни зборови: закон, делегирано законодавство, законодавни ограничувања, претставување, криза на парламентот, дерогирање

Published
2019-04-27