ПЕРЦЕПЦИИ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА ТРАНСПАРЕНТНОСТА И ПАРТИЦИПАТИВНОСТА ВО ПРОЦЕСОТ НА ДОНЕСУВАЊЕ НА ОДЛУКИ ВО ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ВО ИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

  • Јован Ананиев
  • Страшко Стојановски
  • Јадранка Денкова

Abstract

Овој труд се темели на анкетното истражување
спроведено помеѓу граѓаните, жители во општините на Источниот плански
или т.н. Брегалнички регион, а е дел од проектот „Транспарентност и
партиципативност во процесот на донесување на одлуки во единиците
на локалната самоуправа во Источниот плански регион во Република
Македонија“, спроведен на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце
Делчев“ во Штип, во периодот 2014/2015 година. Од истражувањето
се продуцираат заклучоци според кои можеме да определиме дека
постои недоволна граѓанска инволвираност во носењето на одлуки на
локално ниво. Ова се темели на неколку фактори, меѓу кои може да се
наведе недоволната отвореност, екипираност и стручност на локалната
администрација, резистентноста на носителите на политички и јавни
функции на локално ниво во однос на отчитноста кон граѓаните и јавноста
воопшто, но и недоволната заинтересираност на граѓаните за учество во
процесот на донесување на одлуки.
Клучни зборови: локална самоуправа, процес на донесување на
одлуки, транспарентност, партиципативност, демократија

Published
2019-04-27

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>