БЕЗБЕДНОСНИТЕ ПРАШАЊА И СОЗДАВАЊЕТО НА НЕЗАВИСНА Р. МАКЕДОНИЈА

  • Дејан Маролов

Abstract

Безбедносните закани за Република Македонија почнаа
да се наметнуваат уште со почетокот на југословенската криза. Со
затпочнувањето на воените конфликти во Словенија, а подоцна и во
Хрватска, во Македонија се отворија дилеми за нејзиното место во
федрацијата која се распаѓаше. Определувањето за чекорење по патот на
незавиноста изгледаше прилично логичен чекор но истовремено носеше
инзвонредно тешки ризици.
Генерално гледано, тие ризици по безбедноста можеме да ги
поделиме во две групи. Внатрешни фактори кои можат да влијаат
дестабилизирачки и надворешни фактори кои можат да ја загорозат
безбедноста на државата. Многу често внатрешните и надворешните
фактори беа испреплетени, односно често внатрешните фактори беа
користени како алатка од надворешните фактори.
Клучни зборови: безбедност, референдум, независност,
стабилност

Published
Apr 27, 2019
How to Cite
МАРОЛОВ, Дејан. БЕЗБЕДНОСНИТЕ ПРАШАЊА И СОЗДАВАЊЕТО НА НЕЗАВИСНА Р. МАКЕДОНИЈА. Yearbook - Faculty of Law, [S.l.], v. 6, n. 6, apr. 2019. ISSN 1857- 8713. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/2857>. Date accessed: 15 aug. 2020.