ПЕРСПЕКТИВИ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ПРИ ПОСТОЕЊЕ НА ЕВРОПСКО УСТАВНО ПРАВО

  • Василка Салевска Трајкова

Abstract

Европското уставно право нема својствена структура и
правна рамка. Поимањето и разбирањето на тоа што е уставно а што не,
се менува согласно еволуцијата на Унијата. Европското уставно право
претставува правен поредок кој не е државен, но користи терминологија
на државно уставно право; претставува правен систем којшто е над
националиот и дополнително, го извлекува најсуштинското од европскиот
правен систем, што го прави специфичен поради неговата трослојна
структура: уставен правен систем на земја-членка ←правен систем
на ЕУ← Европско уставно право, координирајќи ја оваа комплексност
преку културниот и јазичниот диверзитет на сите земји-членки. Може ли
да кажеме дека Договорите на ЕУ, донесени со ратификација од земјите-
членки во согласност со домашни уставни одредби, имаат карактеристики
на устав? Системот базиран на тие договори се разви во нешто слично
на државен систем, додека нивниот развоен тек најчесто се среќава под
терминот конституционализам. Ова прашање во Унијата е предмет на
постојана дебата за тоа дали на ЕУ ѝ е потребен устав, дали веќе постои
устав и дали има потреба од негово донесување, доколку не постои?
Клучни зборови: Европско уставно право, конституционализам,
конституционализација, уставен поредок на ЕУ, устав

Published
2019-04-27