ОТВОРЕНОСТ НА ПАРЛАМЕНТИТЕ И ПАРЛАМЕНТАРНИ КАНАЛИ - ПЕРСПЕКТИВИ НА СОБРАНИСКИОТ ТВ КАНАЛ

  • Марјан Маџовски

Abstract

Отворениот парламент носи нова форма на интеракција меѓу законодавната
власт и граѓаните која ја промовира парламентарната отвореност и транспарентност, за да се
обезбеди пристап до информациите од јавен карактер, одговорност, граѓанско учество и етички
стандарди во работата на парламентот. Таа е услов за добивање и редовни и релевантни
информации, можност за партиципативност на граѓаните и нивна вклученост при носењето на
законите и одлуките. Секако, само преку отвореноста може да се дојде и до проверлива отчетност
во парламентарното работење .
Е-демократијата е една од неколкуте стратегии за поддршка на демократските
институции, процеси и вредности: фаза што е над е-парламентот, која е олеснета и поддржана од
е-парламентот, каде се открива целосниот потенцијал на технологијата, и каде што луѓето
целосно го трансформираат начинот на кој се однесуваат. Истовремено, тоа е демократски
процес што ги олеснува онлајн активностите со кои граѓаните бараат да го обликуваат развојот
и спроведувањето на јавните политики. Во последниве децении направени се подобрувања за
вклучување на граѓаните во политичкиот процес, но сепак останува перцепцијата дека постои
демократски дефицит и дека сеуште трае кризата на репрезентативните системи.
Многу парламенти имаат интерни телевизии или парламентарни телевизиски канали.
Работата на Собранискиот ТВ канал е регулирана со Законот за радиодифузната дејност и
Законот за Собранието на Република Македонија во кој постојат конкретни одредби за креирање
сопствена парламентарна телевизиска програма, која, пак, тесно би била поврзана со веб-
страницата и е-парламентот. Сопствен, програмски функционален и разнообразен ТВ канал би
можел да биде клучен дел од долгорочна стратегијата за подобро информирање на јавноста за
сопствената работа.
Клучни зборови: е-парламент, е-демократија, информатичко комуникациска технологија, демократски дефицит, консултации, програма

Published
2019-05-27