УЛОГАТА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПРОЦЕНАТА НА ВЛИЈАНИЕТО И ОЦЕНКАТА НА СПРОВЕДУВАЊЕТО НА РЕГУЛАТИВАТА

  • Маријан Маџовски

Abstract

Собранието, преку своите капацитети треба да се интегрира во процесот на
претходна проценка на влијанието на регулативата (ПВР), изготвување, следење и ex-post
евалуацијата на примената на законските и другите прописи. Исто така, Собранието треба да се
интерферира со примената на Методологијата за ПВР, особено во фазата на оценка на
спроведувањето.
Потребно е да се димензионираат механизмите и методите за активна улога на
Собранието, но и на граѓаните, целните групи и засегнатите страни на кои се однесува
регулативата, во сите фази на законодавниот процес и во процесот на оцена на имплементацијата.
Покрај клучното учество во фазата на донесување на законот во парламентот (јавни расправи),
да се обезбеди следење и учество во креирање на законот во неговата најрана фаза кога законот
се иницира и конципира во извршната власт и на крајот во завршната фаза кога ќе се оценува
регулативата, процесно, како резултат и/или како влијание од спроведена регулатива.
Собранието со надзорните расправи, согласно политичките оценки на пратениците, може да
врши двојна функција, на надзор на институциите задолжени за оцена и самото да изврши
политичка оцена, притоа земајќи ги во предвид сите доставени податоци и анализи. Значајна е
транспарентноста, културата на промени и културата на отвореност на Собранието.
Неоправдано отсуствуваат ефикасни механизми за соработка на Владата со Собранието,
кои би овозможиле усогласеност во планирањето на законодавната програма, единствени
правила и стандарди на квалитет во законодавниот процес, како и хоризонтална поврзаност и
конзистентност на правниот систем. Невладиниот сектор може да даде свој придонес и преку
нормативно регулирање на неговата вклученост.
Клучни зборови: оценка на спроведувањето на регулативата, законодавна постапка, методологија, учество на граѓани, парламентарен надзор, култура на промени

Published
May 27, 2019
How to Cite
МАЏОВСКИ, Маријан. УЛОГАТА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПРОЦЕНАТА НА ВЛИЈАНИЕТО И ОЦЕНКАТА НА СПРОВЕДУВАЊЕТО НА РЕГУЛАТИВАТА. Yearbook - Faculty of Law, [S.l.], v. 8, n. 8, may 2019. ISSN 1857- 8713. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/2995>. Date accessed: 24 aug. 2019.