ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА ПОМЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА ГРЦИЈ НИЗ ПРИЗМАТА НА МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО

  • Ана Никодиновска Крстевска

Abstract

Со Договорот од Преспа склучен меѓу Република Македонија и Република Грција,
всушност ѝ се наметна обврска на Република Македонија да го смени името во Република
Северна Македонија, како ѝ да изврши серија на промени во внатрешно-политичкиот систем со
кои се поткопуваат и се уништуваат државно-правниот и етничкиот идентитет на Републиката и
на македонскиот народ. Договорот, освен тоа што е склучен на противправен начен со повреда
на суштински норми од внатрешниот поредок на македонската држава, тој според општото
меѓународно право поседува и недозволен предмет на преговарање кој е спротивен на основните
јус когенс норми на меѓународната заедница, како што се: правото на самоопределување на
народите, принципот на суверена еднаковст на државите и забраната за мешање во внатрешните
работи на државите. Тргнувајќи од тоа, трудот има за цел да го анализира Договорот од Преспа
низ призмата на меѓународното право, да ги елаборира повредите и да ги утврди основите за
ништовност врз основа на одредбите од Виенската конвенција за договороно право од 1969 г.
Клучни зборови: Договор од Преспа, јус когенс норми, ultra vires акт, самоопределување на народите, принцип на суверена еднаквост на државите, забрана за мешање во внатрешните работи на државите

Published
May 27, 2019
How to Cite
НИКОДИНОВСКА КРСТЕВСКА, Ана. ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА ПОМЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА ГРЦИЈ НИЗ ПРИЗМАТА НА МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО. Yearbook - Faculty of Law, [S.l.], v. 8, n. 8, may 2019. ISSN 1857- 8713. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/2998>. Date accessed: 24 aug. 2019.