ПРОТОКОЛИ НА ИНТЕРВЈУИРАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИОТ РАБОТНИК НА ДЕТЕ - ЖРТВА НА ПОЛОВ НАПАД

  • Наташа Димеска

Abstract

Апстракт: Позицијата на социјалниот работник е централна за управување со случаи на сексуална злоупотреба на деца, особено во аспектот на координација и заштита на децата.
Дури и ако социјалниот работник не е лицето кое се сомнева во сексуалната злоупотреба која ја доживеало некое дете, или пак е информиран од другите органи, сепак раководи со случајот.
Во случаите на делумно откривање, каде зборот на детето е прифатен како prima facie, односно доказ за злоупотреба, социјален работник, заедно со полицијата иницира истрага затоа што се случило, за семејните околност и и односите на детето и неговата непосредна заштита. Ова вклучува формално интервју, кое најсоодветно го раководи социјален работник и полициски службеник. Ова често е првиот и клучен контакт направен со детето – жртва, со неговите родители или старатели.
Со ова формално интервју се проценува безбедноста на детето во семејството, како и планот за заштита, советување и терапија, кои во голема мера се потпрени на информациите добиени од социјалниот работник, во рамките на формалното интервју.
Во пракса се соочуваме со различни протоколи за интервјуирање на децата жртви на сексуална злоупотреба, кои најчесто користат форензички пристап за добивање информации.
Клучни зборови: пракса, заштита, форензички пристап, третман

Published
Aug 18, 2019
How to Cite
ДИМЕСКА, Наташа. ПРОТОКОЛИ НА ИНТЕРВЈУИРАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИОТ РАБОТНИК НА ДЕТЕ - ЖРТВА НА ПОЛОВ НАПАД. Yearbook - Faculty of Law, [S.l.], v. 7, n. 7, aug. 2019. ISSN 1857- 8713. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/3053>. Date accessed: 21 sep. 2019.