ИСТАНБУЛСКАТА КОНВЕНЦИЈА – ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И БОРБА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ И ДОМАШНОТО НАСИЛСТВО

  • Анастазија Коцева

Abstract

Апстракт: Не ретко умееме да слушаме „приказни“ за случаи на насилни „пресметки“ во кои често позицијата на жртви им припаѓа на девојки или жени. Најчесто овој феномен е подеднакво едноставен колку што е и комплициран. Она што можеме реално да го увидиме кога се работи за насилството воопшто, а особено за насилството во семејството, домаќинството, и она што благодарение на нашите, најчесто, прерани заклучоци го заклучуваме, се навистина различни работи. Различни затоа што општеството со своите чинители успеале да истривијализираат нешто што секој учебник, памфлет и научен труд го дефинира како негативна општествена појава. Секој систем, па и најидеалниот, на еден или на друг начин затаил во превенцијата на семејното насилство и насилството врз жените, па затоа како општество правиме напори на создавање на ефективни механизми за унапредување на превенцијата, прогон и санкционирање на сторителите и заштита и помош на жртвите. Сè уште не постои тој механизам кој „без грешка“ ќе ни помогне да ја потиснеме оваа појава. (Делумно затоа што менталитетните предиспозиции, личните ставови и општествените (не)прилики играат голема улога). Сепак, нешто што може да послужи како „фер“ механизам сега за сега е Истанбулската конвенција.
Клучни зборови: општество, појава, превенција, санкционирање, правен акт

Published
Aug 18, 2019
How to Cite
КОЦЕВА, Анастазија. ИСТАНБУЛСКАТА КОНВЕНЦИЈА – ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И БОРБА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ И ДОМАШНОТО НАСИЛСТВО. Yearbook - Faculty of Law, [S.l.], v. 7, n. 7, aug. 2019. ISSN 1857- 8713. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/3057>. Date accessed: 21 sep. 2019.