ПРАВО НА ПРАВИЧНО СУДЕЊЕ

  • Мартин Милинковиќ

Abstract

Апстракт: Особено осетлива тема е почитувањето на правото на правично судење и еднаквоста на оружјата во случаите кога станува збор за судење во кое на обвинетиот му се става на твоар кривично дело против животот и телото. Овде е дискутабилна можноста од вештачење кое би можела да го бара одбраната, за да биде противтежа на вештачењето на обвинителството. Колку воопшто има можност ова да го направи одбраната, имајќи на ум дека единствен начин да се изготви вештачење е за тоа да постои наредба издадена од надлежен орган, односно од Јавниот обвинител, доколку предметот е во фаза на истрага или обвинување и од страна на судијата, доколку предметот веќе има стигнато до главна расправа. Колку реално има можност обвинетиот да го користи вештачењето како доказно средство. Ниту во пракса ниту во теорија за ова не постојат воедначени ставови. Практиката врши соодветна корекција на законските норми и овозможува нивно правилно толкување и разбирање. Судот мора да води сметка за етаблираното конвенциско право кое особено инсистира на гаранциите што ги има одбраната во однос на правичното судење. Ова, особено ако ефектот од толкувањето на одредбите води кон правилно утврдување на (не)постоењето, односно (не)вистинитоста на правно релевантните факти како основ за донесување законита и правична пресуда.
Клучни зборови: правична постапка, еднаквост на оружјата, доказна постапка и правична пресуда

Published
Aug 18, 2019
How to Cite
МИЛИНКОВИЌ, Мартин. ПРАВО НА ПРАВИЧНО СУДЕЊЕ. Yearbook - Faculty of Law, [S.l.], v. 7, n. 7, aug. 2019. ISSN 1857- 8713. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/3059>. Date accessed: 21 sep. 2019.