ИСТОРИСКИ РАЗВОЈ НА ЗАТВОРСКИОТ СИСТЕМ ВО САД

  • Андреј Митевски

Abstract

Апстракт: Казнениот систем низ историјата се смета за најважно средство за справување со криминалците, иако неговата функција се трансформирала низ времето. Служел како место за затворање на осомничени криминалци, дом за скитниците, институција за лудите, место кое имало страшен углед. Испитувањата и трансформациите низ историјата ја развија и ја обликуваа институцијата што ја препознаваме денес. Всушност затворот постоел и во античко и во средновековно време, но не бил популарен метод на казнување, како што биле камшикувањето, осакатувањето и другите јавни физички казни, кои имале за цел да го одвратат обичниот човек од сторување на кривично дело. Меѓутоа, со применувањето на овие казни, не се добиле очекуваните резлутати, а сè повеќе се ставало акцент на природните човекови права, дошло до промени. Се појавиле првите реформаторски движења за намалување на телесните казни, како и за повеќето дела била исклучена смртната казна. Биле воведени Пенсилванскиот и Обурнскиот тип на затвори кои се сметаат за зачетоци на денешните модерни затвори. Овие реформи во затворскиот систем на САД и резултатите кои ги дале, служеле како повик за промена на затворските системи низ целиот свет.
Клучни зборови: затворање, институција, пенитенцијарни системи, затвор, затворски систем.

Published
Aug 18, 2019
How to Cite
МИТЕВСКИ, Андреј. ИСТОРИСКИ РАЗВОЈ НА ЗАТВОРСКИОТ СИСТЕМ ВО САД. Yearbook - Faculty of Law, [S.l.], v. 7, n. 7, aug. 2019. ISSN 1857- 8713. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/3060>. Date accessed: 21 sep. 2019.