КРИВИЧНО ДЕЛО - СИЛУВАЊЕ

  • Иван Недев

Abstract

Апстракт: Карактериститика за групата на кривични дела против половата слобода и половиот морал е дуалистичкото гледиште на објектот на заштита. Од една страна, делата против личноста, нејзиното достоинство, угледот и честа, а од друга страна и делата против моралот, против општите морални погледи и сфаќања за дозволеното и недозволеното, во сферата на половите односи. Суштинска карактеристика на овие дела е релацијата помеѓу заштитата на достоинството на личноста и моралните погледи и сфаќања за допуштено и недопуштено во сферата на половите односи. Се заштитува достоинството на личноста во половите односи како и општите морални вредности, во името на заштита на достоинството на човекот. Повеќето од овие дела се насочени против слободно одлучување и претставуваат негација на самоопределувањето и слободното стапување во полови односи. Тука доааѓат и делата што се состојат во искористување некоја посебна позиција или на незаштитеност на определени лица, а со тоа и на релативно ограничена слобода на волја.
Клучни зборови: полова слобода, обљуба, силување, морал, полови односи, достоинство

Published
Aug 18, 2019
How to Cite
НЕДЕВ, Иван. КРИВИЧНО ДЕЛО - СИЛУВАЊЕ. Yearbook - Faculty of Law, [S.l.], v. 7, n. 7, aug. 2019. ISSN 1857- 8713. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/3061>. Date accessed: 21 sep. 2019.