ОДГОВОРНОСТ ЗА МАТЕРИЈАЛНИ НЕДОСТАТОЦИ НА ПРЕДМЕТОТ НА ПРОДАЖБАТА ВО ДОГОВОРОТ ЗА ПРОДАЖБА

  • Сања Петковска

Abstract

Апстракт: Договорот за продажба преставува најважен договор во областа на прометот на стоки и услуги. Овој договор е двострано-обврзувачки бидејќи со неговото склучување настанува права и обврски и за продавачот и за купувачот, каде што и двете договорни страни се и доверители и должници. Истиот претставува основен правен инструмент на меѓународната размена, па затоа има голема улога и во домашниот и меѓнародниот стоковен промет. Релевантноста на овој тип договор се рефлектира и во фактот дека тој е единствениот институт во поглед на што е постигната целосна унификација на правниот режим на меѓународното ниво. Правата и обврските од договорот за продажба произлегуваат и во делот на материјалните и правните недостатоци на стварите коишто се предмет на продажба. Имено, продавачот одговара за оние материјални недостатоци на предметото што тој ги имал во моментот на преминување на ризикот врз купувачот, без оглед дали тоа нему му било познато. Продавачот одговара и за оние материјални недостатоци што ќе се појават по преминување на ризикот врз купувачот, доколку се последица од причина што постоела пред тоа.
Клучни зборови: Договор за продажба, надомест на штета, исполнување на договор, раскинување на договор, купувач, продавач

Published
Aug 18, 2019
How to Cite
ПЕТКОВСКА, Сања. ОДГОВОРНОСТ ЗА МАТЕРИЈАЛНИ НЕДОСТАТОЦИ НА ПРЕДМЕТОТ НА ПРОДАЖБАТА ВО ДОГОВОРОТ ЗА ПРОДАЖБА. Yearbook - Faculty of Law, [S.l.], v. 7, n. 7, aug. 2019. ISSN 1857- 8713. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/3062>. Date accessed: 21 sep. 2019.