АНАЛИЗА НА ШМИТОВАТА КОНЦЕПЦИЈА „ПРИЈАТЕЛ И НЕПРИЈАТЕЛ“ И НЕЈЗИНА ПРИМЕНА ВО МЕЃУДРЖАВНИТЕ ОДНОСИ

  • Александар Симонов

Abstract

Апстракт: Она на што е ставен фокусот во овој труд е Шмитовaта претстава „за политичкото'“ кое практично претставува сложен систам на заемно поврзани идеи (што всушност е политичко). Според него, за да постои политичкото, потребно е да постојат непријатели (кој, каде и кога станува непријател). А за да имаш непријател, треба да поседуваш суверенитет (што според него тоа претставува и кој го поседува?). Какви се односите внатре во суверинитетот? Суверенитетите се судираат меѓусебе непризнавајќи ја туѓата волја над својата (каков е конфликтот помеѓу нив? Кој е највисокиот степен на конфликтност?). На кој начин го разбира либерализмот (постои ли можност за несудрување на суверенитети?)
Неговите достигнувања денес се составен елемент од политичкото образование во западните универзитети, а сè поголем интерес за неговата рабрта се појавува и на истокот. Како резултат на ова се јавуваат прашањата:
- Постојат ли елементи од неговите теоретски видувања во современите меѓудржавни односи?
- Колку се застапени на практика?
- Останува ли националниот интерес секогаш на прво место?
- Која парадигма доминира во денешните меѓународни односи?
Клучни зборови: политичко, пријател и непријател, војна, суверенитет, држава

Published
Aug 18, 2019
How to Cite
СИМОНОВ, Александар. АНАЛИЗА НА ШМИТОВАТА КОНЦЕПЦИЈА „ПРИЈАТЕЛ И НЕПРИЈАТЕЛ“ И НЕЈЗИНА ПРИМЕНА ВО МЕЃУДРЖАВНИТЕ ОДНОСИ. Yearbook - Faculty of Law, [S.l.], v. 7, n. 7, aug. 2019. ISSN 1857- 8713. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/3063>. Date accessed: 21 sep. 2019.