Yearbook - Faculty of Law https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL en-US Yearbook - Faculty of Law 1857-7229 Содржина https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/6397
Содржина
Elena Trajkovska Copyright (c) 2023 Yearbook - Faculty of Law 2024-02-20 2024-02-20 13 13 1 4 ЕПИФЕНОМЕНОЛОШКО РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ПОИМИТЕ СОБРАНИЕ, ПАРЛАМЕНТ И КОНГРЕС НИЗ ПРИЗМА НА НИВНИТА РАЗНОЗНАЧНОСТ https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/6401
Изучувањето на епифеноменолошките карактеристики на определени поими кои се користат во политиколошката наука, како што е на пример нивното име, не претставуваат релевантна рамка за проучување во склопот на оваа научна дисциплина. Но, самото именување на определени поими сепак е важно, бидејќи во крајна линија тоа влијае на понатамошната перцепција. Во правно-политичките науки поимите на собрание, парламент и конгрес честопати се користат во синонимна употреба. Дополнително, помеѓу овие термини се става и знак на еднаквост, независно од фактот што покреј низа сличности, сепак, помеѓу нив постојат суптилни, но и фундаментални разлики. Разликите во оваа смисла, пред сè, се обусловени од политичката и правната димензија на конкретниот политички систем во кој дејствува односниот законодавен орган. Оттука, главната теза на овој труд е дека собранието, парламентот и конгресот не се синоними кои може наизменично да се употребуваат. Треба да се нагласи дека во глобални рамки постојат примери кога во називот на главното законодавно тело се обединети двата генерички поима на парламент и собрание. Тоа е уникатниот случај со Босна и Херцеговина и тамошното Парламентарно собрание, кој иста така ќе биде разгледан во овој труд на начин да се даде одговор на прашањето што е она кое и понатаму го прави именувањето на највисокото законодавно тело на БиХ амбивалентно, ако се знае дека парламентарните собранија не се ретка појава?
Никола Амбарков Copyright (c) 2023 Yearbook - Faculty of Law 2024-02-20 2024-02-20 13 13 5 14 ЈУСТИНИЈАНОВИТЕ „ИНСТИТУЦИИ“ – ПРВИОТ ВИЗАНТИСКИ ПРАВЕН УЧЕБНИК СО ЗАКОНСКА СИЛА https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/6402
Трудов што е пред вас се занимава со еден важен аспект на правно-историска проблематика за т.н. Јустинијанова кодификација (лат. Corpus Iuris Civilis Romani), која го опфаќа правното наследство на целокупното Римско право. Поконкретно, авторот прави обид за расветлување на низа значајни прашања на правната романистика кои се однесуваат на: начинот на создавање, структурата, содржината, важноста, значењето, важењето и начинот на цитирање на познатите „Институции“ на источно-ромејскиот, т.е. византискиот император Јустинијан Први Велики (VI век). Меѓудругото, даден е и посебен осврт на реформата во високото правно образование во Византија, со акцент на правните студии кои се одвивале на тогашните две најдобри државни Високи правни школи – онаа во Бејрут и онаа во Константинопол. Кон крајот на трудот, авторот прави пионерски обид, за прв пат на македонски јазик, да ја преведе царската конституција Imperatoriam maiestatem (21 ноември 533 година) која се смета за своевиден вовед, односно предговор или преамбула на Институциите.
Димитар Апасиев Copyright (c) 2023 Yearbook - Faculty of Law 2024-02-20 2024-02-20 13 13 15 33 ДАЛИ РИМСКИОТ ДОГОВОР ЗА ОРТАКЛАК (SOCIETAS) ЖИВЕЕ ВО ОПШТИОТ ИМОТЕН ЗАКОНИК ЗА ЦРНА ГОРА ОД 1888 ГОДИНА https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/6403
Денес, договорот за ортаклак претставува правен основ за здружување на средства и труд на ортаците (две или повеќе лица) со цел заедничко остварување на имотна корист и нејзина поделба. Неспорно, се работи за еден често употребуван договор во трговските односи и економијата, од најстари времиња па до ден денешен. Авторите на овој труд се бават со договорот за ортаклак од римско време, кога се, од историско – правен аспект, втемелени правните правила нему наменети користејќи го историскиот метод на проучување. Компаративниот метод авторите го користат да би го утврдиле постоењето на римските правни правила и нивното влијание врз правните правилата кои се применувале за договорот за ортаклак во еден конкретен историски период и во еден значаен нововековен законик за Балканскиот полуостров – Општиот имотен законик за Црна Гора од 1888 година. Целта на овој труд е уште еднаш да се укаже и потврди значењето на римското право и неговата рецепција во кодификациите на Новиот век, а со тоа да се прикаже и еден мал дел од “еволутивниот пат до современиот правен живот“ на еден значаен римски договор – договор за ортаклак (societas).
Анета Атанасовска – Цветковиќ Александра Јовановиќ Copyright (c) 2023 Yearbook - Faculty of Law 2024-02-20 2024-02-20 13 13 34 44 ПРОФИЛОТ НА ГРАЃАНСКИ ЗДРУЖЕНИЈА: ДАВАТЕЛИ НА СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/6404
Граѓанското содружништво  афирмира самоорганизирање на граѓаните, во различни форми на здружување заради остварување на одредени интереси или за задоволување на одредени потреби.

Улогата на граѓанското содружништво во развојот на демократско општество ужива растечки тренд на одобрување, но постојат и многу недоречености во однос на неговото постоење. Она што го дефинира граѓанското содружништво е фактот дека тоа е просторот каде што граѓаните можат слободно да се здружуваат и организираат во групи и организации на различни нивоа во согласност со нивните интереси и потреби и помалку или повеќе независно од државата или другите јавни власти и од економијата. Сепак, граѓанското содружништво  не може да се перципира како опозиција на државата и стопанството. Денес, особено под влијание на новите парадигми за организација на општествениот живот учеството на  граѓанските здруженија  во процесите на креирање јавни политики  е се почест предмет на интересирање веќе подолг временски период. Во последните три децении од развојот на македонското опшетство граѓанското здружување и со него поврзаните поими како, на пример, граѓанско содружништво, невалдин сектор, цивилно општество, граѓанско опшетство, непрофитен сектор итн,  зазема се поистакната место. Тоа е присутно во сите сфери на опшетствеото живеење. Ако на почетотот од транзицијата оваа идеја носеше главно политичка димензија денес таа е концептуализира скоро во сите области на општествениот  живот па и во процесите на развојот  и имлементирањето на политики.  Во тој контекст граѓанското содружништво зазма се поистакнато место во развој и спроведување на социјалните политики во светот и кај нас. Се поголем број на граѓански здруженија и организации се вклучуваат во спроведување на социјални политики што доведува до креирање на продуктивни социјални политики.

Во рамки на овој текст, поаѓајќи од постојните законски определби на граѓанските здруженија кај нас се прави профил на граѓанските здруженија со посебен акцен на граѓанските организации кои се лиценцирани како даватели на социјални услуги. Профилирање на граѓанското содружништо кај нас е изведено како статистичка анализа на податоците достапни во Листата на граѓански организации на Централниот регистер на Република Северна Македонија..
Aндон Дамовски Copyright (c) 2023 Yearbook - Faculty of Law 2024-02-20 2024-02-20 13 13 46 60 АТХЕЗИОНО РЕШАВАЊЕ НА ИМОТНОПРАВНИ БАРАЊА ВО КРИВИЧНА ПОСТАПКА https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/6405
Во кривичната постапка освен за основниот предмет (одлучување за кривична работа) атхезионо може да се респрава и за одредени барања од граѓанскоправна природа (атхезиона парница на кривичната постапка). Ова е така затоа што во одредени ситуации е потребно правосудниот систем да дејствува како единствена целина и покрај фактот што постојат посебни судски постапки за правораздавање (кривична, граѓанска).

Во рамки на кривичната постапка може да се расправаат три споредни предмети од граѓанскоправна природа, и тоа: имотноправни барања, прејудициелни прашања и трошоци на постапката.

Предмет на анализа на овој труд е позитивното решение на македонското казнено процесно право во врска со можноста за решавање на некои имотноправни барања во кривичната постапка. Цел на трудот е давање на предлози за подобрување на актуелното законско решение de lege ferenda.
Нада Донева Дијана Ѓорѓиева Ебру Ибиш Copyright (c) 2023 Yearbook - Faculty of Law 2024-02-20 2024-02-20 13 13 61 69 Е-ТРГОВИЈАТА ВО ПАНДЕМИЈАТА И ПО НЕА -МАКЕДОНСКИ ИСКУСТВА И СОСТОЈБИ https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/6407
Глобалниот пазар на е-трговијата доживеа револуционерни промени во последните три години. Потрошувачите се навикнаа да купуваат предмети од удобноста на нивните домови - промена во голема мера предизвикана од строгите забрани и ограничувањата за движење предизвикани од пандемијата COVID-19. Овој светски тренд не го заобиколи македонското општество и економија. Многу аналитичари се согласуваат дека оваа промена во однесувањето на потрошувачите ја придвижи е-трговијата напред за најмалку пет години, со очекување дека овие промени се од траен карактер. Пандемијата COVID-19 донесе многу промени во однесувањето на потрошувачите при купување преку Интернет. Некои од промените се покажаа позитивни за трговците на мало во е-трговијата, додека други ги принудија големите трговци да направат суштински промени. За време на пандемијата, потрошувачите беа ограничени во однос на тоа каде и кога можат да ги трошат своите пари. Некои го одложија купувањето, особено за големите и скапи работи, во страв од непознатиот вирус и во очекување дали (и кога) ќе помине пандемијата. Други, работејќи од дома, имаа доволно време да се посветат на истражување на онлајн понудата и почнаа да купуваат работи кои не само што се потребни и неопходни, туку и луксузни, за ​​уживање. Навиките и интересите на потрошувачите, како и правата на потрошувачите во новосоздадените услови, добија сосема нова димензија. Сегментирањето на пазарот е динамична категорија, потрошувачите кои беа запознаени со практичноста на онлајн купувањето веројатно нема целосно да се вратат на старите пазарни однесувања и растот на е-трговијата не би требало да забави, иако повеќето „физички продавници“ останаа отворени и за време на пандемијата и се очекува значителен дел од купувачите повторно да ги користат нивните услуги.
Игор Камбовски Ивица Јосифовиќ Copyright (c) 2023 Yearbook - Faculty of Law 2024-02-20 2024-02-20 13 13 79 84 ПРАВОТО НА ОБРАЗОВАНИЕ НИЗ ПРИЗМАТА НА ПРАКТИКАТА НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/6408
Правото на образование е едно од фунаменталните права во современото и демократско општество. Ваквото право е од недвосмислена важност при остварувањето на останатите човекови права, слободата и независноста на секоја индивидуа. Државата е должна да го почитува остварувањето на ова право и правото на родителите да го обезбедат ова право согласно нивните религиозни и филозофски убедувања.

Европската конвенција за човекови права и изречно го уредува во член 2 од Протоколот 1, според кој се гарантира индивидуално право на образование. Европскиот суд за човекови права констатирал дека правото на образование го опфаќа основното образование, средното образование, високото образование и специјализирани курсеви, а дека и возрасните како и децата го уживаат ова правото.

Начинот на кој ова право се реализира не е ослободено од повремени дискриминаторски пракси. Ваквите пракси за жал се сеприсутни и се далеку од илузорни. Што повеќе се и наше секојдневие кое е потврдено и со пресудата Elmazova аnd Others v. North Macedonia од 13 декември 2022 година, за дискриминација во локално училиште во Штип.

Затоа, интенцата на авторите е преку научен приказ на содржината на член 2 од Протокол 1, како и праксата на Судот во оваа област и формираните ставови да ја потенцираме важноста на правото на образование ослободено од дискриминаторски практики. Исто така во трудот ќе ја покажеме практичната примена на Протоколот и правото на образование загарантирано во Конвенцијата, но и недостатоците на државите при реализација на гаранциите на овој Протокол, со посебен осврт кон Република Македонија.
Елена Максимова Дејан Маролов Copyright (c) 2023 Yearbook - Faculty of Law 2024-02-20 2024-02-20 13 13 85 98 ПРАВНАТА РЕГУЛАТИВА ЗА МАКЕДОНСКИОТ УСТАВЕН СУД – ПРАВНИ ПРОПУСТИ И ПРОБЛЕМИ ВО ПРАКТИКАТА https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/6409
Македонскиот правен систем за уставното судство е единствен систем кој е дел од континенталната правна традиција со прифатен и воспоставен уставен суд, без посебен закон за регулирање на сите значајни правни и процесни уставно-судски институти. Според постојната структура на правни норми, сосема неоправдано, најзначајната улога во системот на правни норми е доверена на Деловникот за работа на Уставниот суд.

Исто така, непостоењето на посебен закон создаде низа други проблеми, односно неизвршената кодификација на правилата за Уставниот суд, остави простор и друг орган на јавната власт авторитативно да се наметне и да навлезе во регулирање на материја која не е негов домен. На тој начин, во правниот поредок се создадоа две противуставни состојби кои опстојуваа до ден-денес. Во прашање е Собранието.

Посебно внимание предизвикува и номотехничките пропусти во целост да се уреди и материјата за подзаконските правни акти, прикладен објект за контрола на уставноста и законитоста. Уставот само парцијално нормира дека Уставниот суд е надлежен за оцена на уставноста и законитоста на „други правни акти“, без притоа да навлезе во дефинирање на овој комплексен поим – дали оваа терминолошка одредница ги опфаќа сите подзаконски правни акти, независно од основните обележја и органот кој ги донесува или тоа е клучен фактор кој ја детерминира надлежноста на Уставниот суд.

Недореченоста на уставотворците, Уставниот суд умешно ја користи во своја полза, воспоставувајќи го во својата работа принципот на дискрециска власт – сам да одлучува во кој конкретен случај ќе се впушти во оцена на уставноста и законитоста на одреден подзаконски правен акт, а во кој случај ќе ја одбие таквата надлежност, иако се работи за истоветни случаи. На тој начин, Уставниот суд ја загрозува и примената на принципот правна сигурност.
Дејан Савески Copyright (c) 2023 Yearbook - Faculty of Law 2024-02-20 2024-02-20 13 13 99 117