Музичкиот развој и улогата на музичкото образование кај децата до 10-годишна возраст

  • Milica Skarik

Abstract

Музичкиот развој започнува пред раѓањето. Нервните клетки на внатрешното уво кај фетусот започнуваат да функционираат во петтиот или шестиот месец од мајчината бременост. Со слушање на чукањето на мајчиното срце фетусот го развива чувството за ритам. Околу седмиот месец фетусот ги перципира надворешните звучни стимули. Кога детето ќе се роди, тоа веќе поседува одредено акустичко искуство. Одредени истражувања (Feijoo, 1981; Satt, 1984; Hepper, 1991) покажуваат дека бебињата ги препознаваат мелодиите кои ги слушале во текот на два месеца пред нивното раѓање. Резултатите од овие и други истражувања придонесоа за појава на носачи на звук наменети специјално за бремени жени, за кои се претпоставува дека позитивно влијаат врз развојот на фетусот.

Published
Apr 15, 2013
How to Cite
SKARIK, Milica. Музичкиот развој и улогата на музичкото образование кај децата до 10-годишна возраст. Yearbook - Faculty of Music Art, [S.l.], v. 1, n. 1, p. 7-12, apr. 2013. ISSN 1857-8659. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFMA/article/view/143>. Date accessed: 28 feb. 2020.