Темброт на народните музички инструменти во делото трета симфонија „рустика” оп. 58 на композиторот Властимир Николовски (1925-2001)

  • Goce Gavrilovski

Abstract

Во текстот темелно и доследно ќе се опише и дефинира темброт на оркестарската група на народни музички инструменти, нивните својства и карактеристики во Третата симфонија „Рустика“, op. 58 на композиторот Властимир Николовски. Од бројното македонско музичко творештво се одредивме токму за делото Трета симфонија „Рустика“, оп. 58, (1975) од причина што е едно од првите дела во македонското творештво во кое имаме употреба на народни музички инструменти. Што се однесува до поимот рустика, најмногу е впечатлив при рустикалното исполнување на инструментите, посебно во нивните соло- делници. Всушност,инспирацијата е од рустикалното фолклорно пеење кое претставува наша национална вокална основа, а во делото е појавено преку употреба на инструментација на вокалот - оркестрација на човечкото пеење на сцена,преку разни музички инструменти.

Published
Apr 16, 2013
How to Cite
GAVRILOVSKI, Goce. Темброт на народните музички инструменти во делото трета симфонија „рустика” оп. 58 на композиторот Властимир Николовски (1925-2001). Yearbook - Faculty of Music Art, [S.l.], v. 2, n. 2, p. pp.55-68, apr. 2013. ISSN 1857-8659. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFMA/article/view/156>. Date accessed: 09 aug. 2020.