Последниот Беровски чалгаџија

  • Timko Cicakovski

Abstract

Балканскиот Полуостров е мост и крстопат каде што се сретнуваат најразлични култури и влијанија, кои оставиле трага и до денес, каково материјалната, така и во духовната култура на народите. Гледајќи ја географската положба, отсекогаш тој бил крстосница на разни движења речиси од сите страни на светот и на разните култури што ги носеле со себе(Бицевски, 1980:169). По турското освојување на Цариград, уметностите кои порано биле обединети под византиско потекло, почнуваат да се развиваат по разни патишта. Некои уметници продолжиле да ја негуваат старата традиција, но поголемиот дел од нив морале да се подредат на барањата на освојувачот, бидејќи таму каде што била Византиската Империја, главната улога ќе ја преземе турската и муслиманската уметност. Мелодиските линии почнале да добиваат ориентална боја со вметнување на зголемената секунда како интервал, а се зголемил и бројот на мелизмите (Голабовски, 1979: 187).

References

Бицевски, Т. (1980). Кон двата типа варијанти во македонскиот музички фолклор,Скопје, МФ, XIII, бр. 26.

Голабовски, С. (1979). Периодизацијата на македонската духовна музика како можност за согледување на целокупната музичка активност во минатото на Македонија, Скопје, МФ, XII, бр. 23.

Јаневски, В. (2010). Главни карактеристики на играорните подрачја, Битола, Зборник на трудови II, Илинденски денови.

Костов, Ст. Л. – Петева, Е. (1935) Селски бит и изкуство в Софйско, София.

Малинов, З. (2006). Традицискиот народен календар на Шопско- брегалничката етнографска целина, Скопје, Институт за фолклор.

Симоновски, М. (1999) Ориентализмите во тоналната градба на нашите народни мелодии, Скопје, МАНУ.

Чичаковски, Т. (2011). Македонски традиционални музички инструменти, Скопје, Институт за фолклор, „Марко Цепенков“,Орска инструментална народна традиција, книга 8.

Чичаковски, Т. ( 2011). Чалгијата на Балканот, Битола, Зборник на трудови III, Илинденски денови.

Џимревски, Б. (1984). Ориенталните тонски низи во македонската инструментална народна музика, Скопје, МФ, XVII, бр. 34.

Џимревски, Б. (1985). Чалгиската традиција во Македонија, Скопје,Македонска книга.

Published
2013-04-16