Музичките изразни средства и нивните особености во делото „Пасакаља“ за еден херој од композиторот Томислав Зографски (1934-2000)

  • Ivana Jankov

Abstract

Композиторот Томислав Зографски е основоположник на неокласичната школа во Македонија. Тој во своите дела постигнува совршен баланс на старите традиции и современите музички текови. Творештвото на Т. Зографски содржи 142 опуса кои опфаќаат широк жанровски дијапазон. Во него се содржани: вокално-инструментална, оркестарска, хорска, камерна и филмска музика. Тој, во целиот творечки опус се придржува до своите принципи кои ги прифатил уште во студентските денови. Најголемо влијание врз неговото музичко дејствие имале Ј.С.Бах, И.Стравински и „полската школа“. Под ова влијание тој во своите дела често користи конструктивни принципи на барок и рана класика, афирмирајќи реставраторски однос на изразните можности на минатите стилови (Ралева 2004).

Published
Apr 16, 2013
How to Cite
JANKOV, Ivana. Музичките изразни средства и нивните особености во делото „Пасакаља“ за еден херој од композиторот Томислав Зографски (1934-2000). Yearbook - Faculty of Music Art, [S.l.], v. 2, n. 2, p. pp.45-54, apr. 2013. ISSN 1857-8659. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFMA/article/view/165>. Date accessed: 09 aug. 2020.