47 ГОДИНИ РЕПУБЛИЧКИ ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ИГРИ И ПЕСНИ „ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ“ – БИТОЛА (1971 – 2018)

  • Ljupka Stefanovska

Abstract

Во оваа тема ќе зборуваме за еден од најстарите фолклорни фестивали на народни игри и песни во државата, „Илинденски денови“ – Битола. По згаснувањето на двата фолклорни фестивали, формирани по Втората светска војна на 11 Октомври 1947 година, од група ентузијасти се создава и формира нова фестивалска сцена за презентирање на повеќе музичко-фолклорни специфики и различности. На тој начин се ревитализира традицијата и архивира нашето културно наследство, со навраќање кон минатото и оживување на целата традиција. Сето тоа живее и се оживува до ден денес, како доказ за неисцрпноста и огромниот извор на нашата културна, музичка, игроорна и песнопојна традиција.

Клучни зборови: фестивал, формирање, развој, институционална трансформација, семакедонски, мултикултурен и интернационален фестивал.

Published
2019-05-15